Google Earth ја сними сликата на подводниот американски дрон, Manta Ray, кој е еден од најстрого чуваните американски проекти.
Сателитските снимки од Google Earth станаа вирални откако на нив беше снимен еден од најстрого чуваните американски воени проекти – подводниот дрон Manta Ray, пишува британски Дејли Меил.
Бродот обично се користи за откривање на подводни закани и е дизајниран од корпорацијата Northrop Grunman. Футуристичкиот подводен дрон на компанијата е дел од проектот на американската морнарица за развој на нова класа на подводни дронови кои се опремени со капацитет да извршуваат подолги мисии.
Леталото е дизајнирано да се движи низ океанот без човечки надзор или потреба од полнење гориво и има способност да хибернира на морското дно. Да кажеме и дека ова е првиот ваков дрон во новата класа на беспилотни подводни возила со долг рок на траење, долг дострел и носивост, кои изведуваат сложени воени операции без човечка интервенција.
A top-secret US submarine drone weapon called ‘Manta Ray’ has spotted by hawk-eyed online users on Google Earth and remains visible to the public.https://t.co/dLBk0HzikV
— SCVeteran 🇺🇸 (@Unvaxxed_Vet) June 25, 2024
До неодамна, неговиот пионерски дизајн се чуваше во строга тајна.
Но, кога подморницата беше пуштена во море на тестирање и беше снимена на Google Earth за време на викендот , корисниците на Интернет брзо го забележаа тајното американско оружје во форма на беспилотно летало. Интернетот памети, а фотографиите се шират со молскавична брзина.
Инаку, компанијата Northrop Grunman во февруари и март годинава објави дека се завршени тестовите на Manta Ray. Некои одбранбени аналитичари шпекулираат дека американската морнарица сака да развие беспилотно летало способно да извршува мисии со долг дострел за пребарување на руски и кинески подморници во морињата, пишува британски Телеграф.
someone managed to find the DARPA Manta Ray on google maps…
— FreeRangeBum (@Free_Range_Bum) June 25, 2024
Coordinates:
34°09’12″N 119°12’31″W pic.twitter.com/CHRQ7FjWzu
Во меѓувреме, многу корисници на интернет тврдат дека сателитските снимки на Манта Реј оттогаш биле отстранети и заменети со чамци.
Manta Ray, uzun süreli ve uzun menzilli görevler için tasarlanmış bir insansız sualtı aracıdır. İnsanların ulaşamadığı okyanus ortamlarında uzun süreli ve uzun menzilli keşif, gözetleme, veri toplama görevleri gerçekleştirebilmektedir.
— MaviVatan.net (@mavivatannet) June 25, 2024
Northrop Grumman tarafından geliştirilen,… pic.twitter.com/n8hL4NZgwk