Hова линија Амстердам – ​​Скопје! Николоски: Политиките за авиосообраќај даваат резултати

Политиките што ги спроведуваме во воздушниот сообраќај даваат конкретни резултати. По 12 години успеавме да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам, напиша денеска преку објава на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати неделно, во четврток и во недела, на релација Амстердам – ​​Скопје – Амстердам.

Ова е нова можност граѓаните да ги искористат придобивките од воспоставувањето нови дестинации во Европа и светот. За многу кратко време успеавме да овозможиме десетици нови дестинации од двата локални аеродроми, со што обезбедивме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните, најави Николоски.

По 12-годишна пауза, Скопје е поврзано со авион со Амстердам, бидејќи холандската нискобуџетна компанија „Трансавија“ синоќа во 21 часот го реализираше првиот лет на меѓународниот аеродром Скопје.

Авионите на холандската авиокомпанија во четврток на скопскиот аеродром пристигнуваат во 9:35, додека до аеродромот Шипхол ќе летаат во 10:25 часот. Во недела Трансавиа ќе лета за главниот град на Македонија во 20:45 часот, додека за главниот град на Холандија ќе тргне во 21:35 часот.