Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски била „многу интересна и срдечна“.
Трамп изјави дека му рекол и на Зеленски, како и пред Владимир Путин , дека „време е да се запре убивањето и да се постигне договор“.
„Доста крвопролевање. Треба да престанеме таму каде што се. Нека обете прогласат победа и нека одлучи историјата! Крај на пукањето, крај на смртта, крај на масовни и неодржливи трошоци. Ова е војна што никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател“, напиша Трамп.
„Илјадници луѓе се убиваат секоја недела – доста, вратете се кај вашите семејства во мир!“, рече американскиот претседател.
Трамп по состанокот отиде во Флорида и не се обрати на печатот. Тој отиде во своето приватно одморалиште, каде што ќе го помине викендот.