Манекенот Владимир Вуксановиќ ја најде среќата покрај Дахијана од Доминиканската Република, со која има две деца.
Манекенот Владимир Вуксановиќ најде доживотна партнерка во убавата Дахијана со која се ожени веднаш по раскинувањето на свршувачката со Наташа Беквалац .
Владо своевремено во Србија беше познат како еден од најатрактивните ергени кој успеа да ја заведе дури и Цеца , а со години важеше за голем заводник.
Сепак, вистинската среќа ја нашол покрај една убава девојка од Доминиканската Република, со која ги добил синот и ќерката: Валентина и Теодоро.
Изгледа дека му се допаѓа неговиот брачен живот, па често споделува фотографии од своето семејство на социјалните мрежи додека гордо ја покажува жената која често ја нарекува божица.
А зошто да не кога Дахиана изгледа вака:
Сè уште има и такви кои страдаат затоа што врската меѓу Владо Вуксановиќ и Наташа Беквалац не успеа, но изгледа дека згодниот модел е посреќен од било кога и дека откако ја раскинал свршувачката со новосадската манекенка ја запознал жената на неговиот живот.