Koвачевски: Отворивме пат за изградба на брза железничка линија Скопје – Ниш – Белград

Отворивме пат за изградба на брза железничка линија Скопје – Ниш – Белград и крак со којшто кај нас се прави поврзување со Меѓународниот аеродром во Скопје. Се работи за изградба на брза пруга од околу 50 километри.

Потпишан е Меморандум за воспоставување железничка мрежа со високи перформанси помеѓу Северна Македонија и Србија, со што овозможуваме поврзување меѓу државите од Западен Балкан и кон Европската Унија.

Меморандумот се однесува на железничко поврзување на релација Атина – Солун – Скопје – Ниш – Белград – Загреб – Љубљана – Салзбург. Комерцијалната брзина на железницата е предвидена на околу 160 km/h. Пругата за брз проток на стоки очекуваме да овозможи развој на целиот регион.

Го поврзуваме регионот со ЕУ и овозможуваме економски развој. Силно сме посветени кон поврзувањата во регион без граници и бариери што го олеснува функционирањето на граѓаните и придонесува да ги развивавме економиите, во процесот на целосната интеграција во ЕУ, каде што и припаѓа Западен Балкан.