Mинистерот за надворешни работи ќе има одврзани раце да ги отповика амбасадорите

Собранието го усвои автентичното толкување на членот 39 од Законот за надворешни работи со кое претставувањето на дипломатските тези пред пратениците се смета за нужен законски услов за секој кандидат за амбасадор. Односно, после усвојувањето на ова автентично толкување, министерот за надворешни работи ќе има одврзани раце да ги отповика амбасадорите кои биле упатени во дипломатска мисија со потпис на поранешниот претседател Пендаровски, но претходно не ги претставиле тезите пред собраниската комисија за надворешни работи.
Инаку, според наши сознанија, без презентација на тезите пред пратениците за амбасадори заминале Љубомир Фрчкоски, ОН, Андреј Жерновски, Букурешт, Мето Белески, Брисел Белгија, Катерина Ставревска, Лондон, Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица, Пајо Авировиќ, ОБСЕ, Емил Крстевски, Прага, Џенк Сејфула, Стокхолм, Јакуп Реџепи, Сараево и Агнеза Руси, Софија.
На оваа тема во Собранието зборуваше и пратеникот Антонио Милошоски.