Полска би можела да испрати борбени авиони МиГ-29 во Украина во следните четири до шест недели, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Полска соопшти дека ќе биде подготвена да испрати такви воени авиони во Украина како дел од коалицијата која би го сторила истото.
Сепак, сојузникот на Украина внимателно пристапува кон трансферот на борбени авиони и не е познато колку долго може да трае процесот.
„Тоа би можело да се случи во следните четири до шест недели“, рече Моравјецки. Полска досега испратила 14 тенкови Леопард 2 во Украина.