Netflix ги зголеми цените на своите претплати неколку пати во последните неколку години . Сепак, според пресудата на Окружниот суд во Келн , тие зголемувања не биле правно валидни, што би можело да има големи последици за милиони корисници , објавува списанието „Феникс“.
Имено, корисник кој претходно потпишал Премиум претплата за 11,99 евра месечно, а денес плаќа 17,99 евра, поднел тужба со поддршка на правната агенција WBS Law, која ја води познатиот медиумски адвокат Кристијан Солмеке. На 15 мај 2025 година, судот пресуди во корист на корисникот .
Според пресудата (број на предмет 6 S 114/23), Netflix нема право еднострано да ги менува цените без изрична и информирана согласност од корисникот . Исто така, компанијата е должна да им ги врати на корисниците сите преплатени износи од 2019 година до денес . За жал, барањата за 2017 и 2018 година се веќе застарени. Пресудата стана правосилна бидејќи жалбата беше одбиена. Судот јасно нагласи дека кликот на копче во апликацијата или пораката од Netflix не е доволен за да се смета дека корисникот се согласил со новата цена. Многу корисници, според судот, сметале дека станува збор само за известување, а не за предлог за нов договор.
„Прашањето не е дали некој кликнал на копчето, туку дали тој клик бил свесна согласност. Ако Netflix создава впечаток дека цената ќе се зголеми без оглед на сè, не може да се крие зад копчето „согласност“.“
Корисникот кој ја поднел тужбата ќе добие околу 200 евра назад. Милиони други клиенти во Германија кои плаќаат повисока цена од првично договорената, сега можат да побараат враќање на преплатениот износ.
Правната агенција WBS Legal подготви бесплатен формулар за барање („Musterschreiben“) што корисниците можат да го користат за да побараат враќање на парите од Netflix .
Netflix веројатно нема автоматски да им врати пари на милиони корисници. Доколку
Netflix не одговори на барањето, корисниците, како тужителот во овој случај, ќе мора да поведат судска постапка за да ги остварат своите права.