Русија ја задржува контролата над тактичкото нуклеарно оружје што треба да биде распоредено во Белорусија во согласност со меѓународните обврски.
Ова распоредување на нуклеарно оружје на ниту еден начин не прекршува никакви меѓународни обврски на Белорусија или на Руската Федерација, вклучително и обврските од Договорот за неширење на нуклеарно оружје – изјави Лавров за ТВ каналот ОНТ.
На 25 март, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, на барање на Минск, Русија ќе го распореди своето тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, исто како што САД распоредија елементи од својот нуклеарен арсенал на територијата на своите сојузници.