Најголемата швајцарска банка UBS се согласи да ја купи конкурентската швајцарска банка Credit Suisse за 3,23 милијарди долари (околу три милијарди евра) во акции, како и да преземе загуби до 5,4 милијарди долари (околу 5,05 милијарди евра), врз основа на швајцарскиот план на властите да се избегнат дополнителни потреси во банкарскиот пазар.
Договорот вклучува и 108 милијарди долари помош (околу 101 милијарда евра) за ликвидноста на UBS и Credit Suisse, која ќе ја плати швајцарската централна банка.
Швајцарската влада обезбедува гаранција за загуба до 9,7 милијарди долари (околу 9,07 милијарди евра) за да и овозможи на UBS да го преземе Credit Suisse, кој ќе се активира доколку дојде до загуби.
Преземањето на Credit Suisse од UBS обезбедува финансиска стабилност и ја штити швајцарската економија во оваа исклучителна ситуација, објави Швајцарската централна банка.