Познатиот српски вирусолог, д-р. Ана Глигиќ, која во 1972 година го водеше тимот што го изолираше вирусот на големи сипаници ( или вариола вера ) и потоа стекнаа голем углед на светско ниво, во интервју за белградска Политика, нагласува дека Ковид 19 покажал дека некои правила што постојат за слични инфекции воопшто не се однесуваат на овој вирус.

Нема да се ослободиме од него така лесно. Постојат само две опции: или ќе се заразат поголем дел од луѓето или ќе следи вакцинација, со цел да се намали на минимум, вели др. Глигиќ.

На прашањето кога се очекува вториот бран на Ковид 19, Глигиќ одговара: Нема да има втор бран. Ќе има само “пикови”. Таквите вируси се јавуваат епидемиски на секои четири до седум години. Прво, мора да се изгасне циркулијата на епидемијата на Ковид 19, и дури тогаш може да се појави втор бран по неколку години. Короната нема да остане во оваа форма засекогаш, како што е случајот сега, таа ќе исчезне. И тогаш повторно ќе се појави. Не знаеме дали тогаш ќе има епидемиски или пандемски карактер.

Штом се појави Ковид 19, реков: Тој ќе остане затоа што е роден и преживеал во природата. Кога природата ќе се чепне тоа е исто како да сте чепнале гнездо со оси. Вирусот се разбуди и тешко можеме да се ослободиме од него. Оние кои ја заговараат тезата дека вирусот ќе исчезне, мора да знаат дека тоа може да се случи само ако нешто се случи во природата, без наше влијание.

Короната не е од вчера. Таа постои многу долго време. Но, ги доби овие големини поради влијанието на надворешната средина. Одеднаш, нешто на што не обрнавме внимание, почна да ескалира. Многу работи ме изненадуваат, но мора да се направат проекти за да се објасни сè со сигурност, заклучува Глигиќ.

Таа појаснува дека во природата има повеќе од 700 вируси од кои само 10 проценти напаѓаат луѓе. Кога овие другите ќе бидат активирани ние не знаеме. Кога ќе се допре природата што стоела со векови, тогаш може да се очекува нешто да се појави, вели таа.

Говорејќи за руската вакцина против короната, Глигиќ вели дека верува во руските научници.

Глигиќ објаснува дека и руските и кинеските и британските и американските вакцини се прават на ист начин и се базираат на аденовирус. Постојат 100 такви вируси, и секој од нив користел различен аденовирус за својата вакцина. Не знам каков аденовирус користеле Британците и Кинезите, а Русите знам дека користеа број шест или 26 аденовируси.