ВО ЦЕНТАР Интервју со Ана Глигиќ: Ја поразив вариола вера и го истражував најсмртоносниот вирус во светот!!

Ана Глигиќ е докторката која беше на чело на тимот кој 1972 година ја порази опасната зараза вариола вера во поранешна СФРЈ. Тоа и донесе светска слава и важи за најпознат вирусолог и епидемиолог од овие екс-југословенски и балкански простори.

Како што самата вели истражувала и работела на два од десетте најсмртоносни вируси во светот.

За ковид-19 вели дека е подмолна болест која не ги напаѓа само респираторните органи туку и срцето, белите дробови, црниот дроб, крвните садови и нервниот систем. Според нејзиното мислење овој вирус кој ја предизвикува болеста ковид-19 е многу поопасен од вирусот што ја предизвикал големата пандемија со шпански грип на крајот од Првата светска војна.

Глигиќ очекува дека до Нова година ќе можеме да влеземе во многу помирни води што се однесува до епидемијата со корона вирусот. И дека во 2021 година светот ќе може да прогласи победа над короната.

Според мое мислење, вели Глигиќ, во Европа има два типа на вируси. Првиот кој траеше до средината или до крајот на мај и вториот кој се јави во Шпанија во текот на јуни. Вториот тип на вирус на човекот е префрлен од заразени куни на шпанските фарми, вели таа.

Вториот тип на вирус е многу позаразен но за среќа е помалку смртоносен, вели Глигиќ.

Таа кажа дека во Северна Грција во близината на Македонија кај визоните кои се одгледуваат за производство на женски бунди е пронајдена корона. Станува збор за фарми со околу 400 илјади визони кои се во фаза на размножување и кои за кратко време ќе се зголемат на околу 1,2 милиони визони заразени од корона.

Целото интервју можете да го погледате на следниот линк: