Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова го изјави европратеникот Андреј Ковачев за агенцијата БГНЕС по повод изјавите на Мицкоски на митингот во Скопје.

Кристијан Мицкоски лаже. Тој манипулира и лаже со секој збор што го зборува. Мицкоски се обидува да заработи некои политички дивиденди со измислиците што ги зборува. Неговото тврдење дека Бугарија сака да ја распарчи Македонија, со што ги плаши граѓаните, е апсолутна лага, измислица и глупост, рече Ковачев.

Тој потсети дека во 2001 година Бугарија стоеше цврсто зад Македонија, поддржувајќи го нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Бугарија е една од првите држави што го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО со цел геостратешки и политички Македонија да биде во евро-атлантската заедница и да биде заштитена. Бугарија подавала, подава и секогаш ќе подава рака за братска помош на своите најблиски, рече европратеникот од Европската народна партија.

Ковачев повтори дека Софија на никаков начин не го доведува во прашање современиот македонски идентитет и како луѓето во Македонија денес го нарекуваат својот јазик. Никогаш тоа не сме го довеле во прашање. Единствено што сакаме е да се обединиме околу историската вистина, за таа да не не разделува и да биде повод за омраза и поделба меѓу луѓето. Ова е длабоко европско барање, тоа е суштината на Европската унија, рече тој.

Според него, ништо не е изложено на ризик. Во никој случај Бугарија не може да ги земе Гоце Делчев или Дамјан Груев од Македонија, бидејќи е тоа заедничка историја. Таа е заедничка, а не поделена како што сака Мицкоски. Тој директно се изјасни против Договорот со Бугарија и со Грција, истите да не се почитуваат. Тој се обидува да ја уништи европската иднина на македонските граѓани, нагласи Ковачев, додавајќи: Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е дел од Европската народна партија, не можеме а да не го покренеме ова прашање пред ЕПП заради неговите повици против Бугарија и да не се почитуваат договорите.

Ковачев е крајно изненаден од зборовите на Мицкоски, кој е лидер на партијата која го носи името ВМРО. Тоа е фарса, не можеш да бидеш лидер на партија, која претендира, дека го започнала своето постоење во 1893 година и да биде наследничка на БМОРК, ВМОРО и ВМРО, а во исто време да се проповеда сè против што била организацијата и против нештата за кои оваа историска организација се борела во текот на своето постоење, кога нејзини водачи беа Гоце Делчев, Дамјан Груев, Христо Татарчев, Тодор Александров, Иван Михаилов и други, рече бугарскиот европратеник.

Според Ковачев, Христијан Мицкоски е запознаен со делото на историското БМОРК, ВМОРО и ВМРО.

Бидејќи не може да не знае, за што станува збор, тој очигледно продолжува со комунистичката идеологија и пропаганда на омраза кон Бугарија. Мицкоски продолжува да манипулира со историски факти, вели Ковачев.