Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот за натпреварот против Косово (8 октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство и двата натпревари против Естонија (11 октомври, Талин) и Грузија (14 октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од новото издание на Лига на нации. 

Елиф Елмас од Наполи нема да биде во составот на македонската репрезентација поради позитивен тест на ковид-19. Во националниот тим се враќа Ферхан Хасани од фински Хелсинки, а премиерно повикан е Божиновски од Силекс.

На списокот е Горан Пандев, кој е дел од екипата со најголем број заразени фудбалери на ковид-19 во ИталијаЏенова. Сепак, македонскиот репрезентативен капитен е негативен на сите тестирања и ќе ја предводи Македонија на дуелот со Косово в четврток од 20:45 часот во Скопје.  

Вкупно 23 фудбалери се наоѓаат на списокот на селекторот Ангеловски. 

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо ВаљеканоШпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Даниел Божиновски (Силекс)

ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (РијекаХрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Кристијан Тошевски (ТиранаАлбанија)

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија), Тихомир Костадинов (Ружомберок), Ферхан Хасани (ХЈК Хелсинки)

НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција)