Фудбалската репрезентација на Македонија вчера ги стартуваше подготовките за новите предизвици во Лигата на нации. Нашиот фудбалски тим го чекаат два дуели во септемвриската репрезентативна пауза, кои на еден начин ќе бидат најава и загревање за клучниот натпревар против Косово, следниот месец. 

Атмосферата во репрезентативниот табор е позитивна, а на синоќешниот тренинг фудбалерите на дело добија лекција од својот селектор. Ангеловски го облече маркерот ја зеде топката и им покажа на своите пулени како против Ерменији и Грузија.

Македонија, втората сезона во Лигата на нации ќе ја стартува в сабота со дуел против Ерменија, а три дена подоцна нè чека меч со Грузија (репрезентација која може да ни биде противник во финалето на Лигата на нации, доколку го совладаме Косово во Скопје). 

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија


Напишете коментар