Словенечкиот премиер Јанез Јанша објави дека во таа држава е откриен првиот случај на т.н. Англиски вид на коронавирус кај маж од Косово кој има привремен престој во Словенија и кој се вратил од Белгија.

Белгиските власти биле информирани за овој случај.

Пациентот користел негативен тест за влез во Словенија, иако имал уште еден тест кој бил позитивен, па затоа сега е ставен во изолација и се проверуваат неговите можни контакти, рече Јанша на вонредна прес-конференција, пренесува Хина.

Поради можноста во Словенија да има поголем број на т.н. англискиот вид коронавирус, словенечката влада ќе ги преиспита одлуките за олеснување на анти-епидемиските мерки следната недела, објави Јанша.