И покрај фактот дека градовите се прилично празни и не ја чувствуваме празничната возбуда како што сме навикнати во овој период од годината, доволно беа само неколку снегулки за да ја почувствувате радоста во пресрет на празниците.

Малите нешта што нè прават еднакво среќни и овозможуваат вистинска празнична атмосфера е кога семејството гледа божиќни филмови заедно. Списокот на филмови на вакви теми станува се подолг секоја година, благодарение на бројните достапни услуги за стриминг, поради што нивното гледање е значително поедноставено.

Така, со недели „Сам дома“ беше на врвот на листата, како и сите продолженија на „Хари Потер“, но покрај овие класици на кои со задоволство им се враќаме секоја година, би можеле да им дадете предност на некои нови наслови, во кои ќе ужива целото семејство. Еден од нив пристигна пред неколку дена, а тоа е анимираниот филм „Angela’s Christmas Wish“.

Заплетот на филмот е нешто необична божиќна желба на мало девојче, кое за разлика од нејзините врсници, не сака играчки или слатки, туку нејзиното семејство заедно.

Таткото на Анџела е далеку од своето семејство поради работата, а дали ќе може да ја исполни својата желба сите да бидат заедно за празниците останува да видиме! Веројатно веќе сте заклучиле од самата тема на филмот дека ќе ви треба пакетче марамчиња, затоа не заборавајте да ги имате при рака!