Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, води со 10 процетни поени пред шефот на државата Доналд Трамп во однос на популарноста меѓу избирачите, се дознава од најновата анкета спроведена од истражувачката служба „Ју гов“, а нарачкана од телевизијата Си-Би-Ес. 

Од анкетата, спроведена на точно осум недели пред претседателските избори на 3 ноември, се дознава дека за Бајден ќе гласаат 52 отсто од испитаниците, а за Трамп – 42 отсто. Околу три отсто изјавиле дека би гласале и за друг кандидат, а три отсто нема да поддржат никого. 


Напишете коментар