Коалицијата на СДСМ и Беса: Можеме, води пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 3,6 отсто, додека ДУИ има 1,5 отсто предност пред коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Овие резултати ги покажува анкетата на Националниот демократски институт во Вашингтон, спроведена минатиот месец.

НДИ ја спроведе анкетата на јавното мислење на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12 до 21 јуни, на национален репрезентативен примерок од 1.213 испитаници. Анкетата е со маргина на грешка од +/- 2.8 проценти и 95 проценти стапка на доверба.

На прашање „за кого би гласале ако изборите се одржат утре, најголема поддршка од 24,8 отсто добила кослицијата предводена од СДСМ.

Коалицијата која ја предводи ВМРО ДПМНЕ ја ужива довербата на 21,2 отсто од гласачите во Република Македонија.

Во овој момент за ДУИ и нивната кампања: Албанец за премиер би гласале 7,2 отсто, додека за коалицијата на Зијадин Села и Африм Гаши би гласале 5,7 отсто од електоратот.

Кога станува збор за политичарите: Зоран Заев ужива наклоност од 40 отсто, Христијан Мицкоски од 28 отсто, Зијадин Села 17 отсто, Али Ахмети 15 отсто, Билал Касами 15 отсто и Африм Гаши 11 отсто.

Речиси седум од 10 испитаници велат дека веројатно ќе гласаат. Четириесет и еден процент од сите испитаници изразуваат загриженост во врска со демократските стандарди на изборите, а 46 проценти изразуваат загриженост во врска со здравствените мерки за заштита, но за голем дел нив оваа загриженост е намалена поради најавените протоколи на Министерството за здравство.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *