Повеќе од две третини од српските граѓани сметаат дека Србија има корист од соработката со Европската унија, но без оглед на тоа, поддршката за влез во ЕУ благо опаѓа, па сега таа изнесува 49,1 процент, покажува најновото истражување на Институтот за европски прашања, според кое јавноста сè повеќе верува во добри односи со Соединетите држави.

Студијата доби своевидна потврда во областа на надворешната политика во последните денови, откако Белград и Приштина, со поддршка на САД и ЕУ, конечно направија чекор напред во нормализацијата на односите, што е клучен услов за напредок и развој на целиот регион.

Се поголем број граѓани ја разбираат важноста на соработката со Брисел и важноста на европските инвестиции во Србија, така што дури 62% од испитаниците за време на истражувањето се убедени дека нашата земја има придобивки од добрите односи со ЕУ. Од друга страна, 23 проценти од граѓаните не го делат тоа мислење, додека 15 проценти од нив не знаеја како да се изразат по ова прашање, покажа студија на Институтот за европски прашања во соработка со истражувачката куќа „Нинамедија“.

Заради споредба, минатата и претходната година, 62% од граѓаните сметаа дека Србија има корист од соработката со ЕУ, што значи дека довербата е постојана. Од друга страна, поддршката за членството на Србија во ЕУ е најниска од 2016 година, бидејќи првпат падна под 50 проценти.

Најдобриот пријател на Грција

Според ова истражување, поддршката за влез на Србија во ЕУ е намалена за седум проценти во последните две години, бидејќи во 2018 година 56 проценти од граѓаните беа за влез на Србија во ЕУ, а 53 проценти минатата година.

Просечната оценка на односите меѓу Србија и ЕУ, исто така, малку падна од минатогодишните 2,68 на 2,66 на скала од еден до пет.

– Мнозинството српски граѓани ја оценуваат врската меѓу Србија и ЕУ со оценка 3, оценката 1 ја даваат три пати повеќе граѓани од највисоката оценка 5. Повисоки просечни оценки даваат помлади од 30 години – известува Институтот за европски прашања.