Вo текот на денешните протести во Амстердам и Ајндховен, околу новото заклучување во Холандија, полицијата се судри со демонстрантите.

Во Амстердам, силите за спроведување на законот користеа водени топови за да ги растераат демонстрантите кои се собраа на плоштадот опкружен со музеи.

Потоа, на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како полицијата интервенира со водени топови против група демонстранти собрани во близина на зградата на музејот Ван Гог, пренесува АП.

Полицијата во Ајндховен исто така употреби водени топови и солзавец против стотици демонстранти и предупреди преку разгласот да го избегнуваат центарот на градот.

Засега нема информации за повредени, но полицијата објави дека се издадени над 3.600 казни за кршење на полицискиот час, како и дека 25 лица се уапсени за насилство.

Синоќа, за време на првата вечер на полицискиот час, демонстрантите запалија лабораторија за тестирање на вирусот корона во холандското рибарско село Урк и фрлија петарди.

Видео споделено на социјалните мрежи покажува како огорчени млади луѓе влегуваат во лабораторија во Урк, која подоцна била запалена.