Професорот во право, Димитар Апасиев, се огласи на социјалните мрежи по скандалозната одлука на судот да определи само тригодишна казна затвор за убиството на тинејџерот Никола Христовски лани во Ново Лисиче.

Одлуката ја растревожи јавноста и резултираше со демонстрации синоќа во скопски аеродром. Професорот по римско право на Штипскиот универзитет го нападна судството кое го обвинува дека донело скандалозна одлука кое не само што е на штета на жртвата и на неговото семејство, туку и ја исмева идејата за правда за која судот мора да се залага.

„Дегутантно е да аргументирам со вас. Не ја замајувајте јавноста со вакви ефтини соопштенија. СУД не постои! Обвинителство не постои! Тиe се само згради. Постои судија и постои обвинител! Со име и презиме. И кажете ги кои се во случајов, кога е сторено вакво грозоморно дело убиство на тинејџер, за кое пресудувате само три години затвор!? Па не е маче згазено на пешачки бе. Дете е убиено! Алоооо.

Не се вадете на божемни законски граници и непристрастност.
Трагично и нестручно е да ги споменувате само „олеснителните околности“ на убиецот [бил млад и неосудуван и убил во афект]. А, да прашам, кај се ОТЕЖНИТЕЛНИТЕ околности:
(1) делото е сторено како резултат на меѓуетничка омраза – што само по себе го квалифицира, а не го привилегира;
(2) делото е сторено со нож од 9 см што убиецот го носел со себе, на јавно место, а не смеел;
(3) сторителот не е доведен во афект без своја вина, како што налага Кривичниот законик, бидејќи – според кажувањата на сведоци од Ново Лисиче – претходно на бензинската бил прв кој, со своја банда, почнал да ги тормози другарките на убиеното момче…

И? Викате ова е таа реформирана правда, а? Да ви се плукнам во ваквата „правда“. Како професор по право, сакам да ви кажам дека предавањето на Правото е обезвреднето ако во практиката ја исмеваме идејата за Правда. Запомнете го ова и ЗАСРАМЕТЕ СЕ!

П.С.: Искрено се надевам дека Апелациониот суд ќе ја преиначи оваа жална и трагична пресуда“.


Напишете коментар