Досега се нема случено лидерот на ВМРО ДПМНЕ да не биде на едно од првите две места кога се мери рејтингот на лидерите на политичките партии. Досега лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ биле или на прво или на второ место на сите досегашни анктети на кои е мерен и личниот рејтин на првите луѓе на партиите.

Имајќи во вид дека ВМРО ДПМНЕ е партијата од лидерски тип, каде секогаш лидерите на партијата (кога партијата победувала на избори) имале повисок личен рејтинг во споредба со партиски рејтинг, сегашната состојба со рејтингот на Мицкоски е загрижувачка информација, како за него лично, така и за партијата.

Вечерва Телевизија Телма ги објави последните анкети на М-проспект, кои, за потребите на телевизијата и на МЦМС, оваа агенција ги направи во периодот од 16 до 24 декември. Анкетата е направена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.

Според таа анкета најголема доверба кај граѓаните има лидерот на СДСМ, Зоран Заев со 39,7 отсто, потоа следува лидерот на Левица, Димитар Апасиев со 29,7 отсто, на трето место е лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со рејтинг од 28,3 отсто, а Али Ахмети лидерот на ДУИ има рејтинг од 15,5 отсто.

Според анкетите граѓаните повеќе го препознаваат Димитар Апасиев како лидер на опозицијата отколку Христијан Мицкоски. Во ВМРО ДПМНЕ се веројатно свесни за овие трендови бидејќи веќе подолго време Апасиев е се помалку присутен во медиумите и во телевизијата под контрола на партијата кои се финансираат со унгарски пари.

Во врска со оваа анкета, Филип Петровски на твитер напиша-Прв пат во историјата на ВМРО ДПМНЕ од 1990 година нејзиниот претседател е трет на листата според довербата на електоратот.

Се прашувам дали Мицкоски е донесен на чело на партијата со цел од ВМРО ДПМНЕ да направи ПАСОК? Се досега со ниту еден чекор што го направи не ме демантира во тоа, вели Петровски.