Апелацискиот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за случајот Тревник што се води против новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.

Апелациониот суд Скопје донесе ваква одлука по жалбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Предметот Тревник го застапуваше нејзината поранешна заменичка во СЈО, Елизабета Јосифовска, сега обвинителка во Кичевското јавно обвинителство.

Ослободителната пресуда е укината поради суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба.

Предметот е вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд во Скопје. СЈО го покрена овој случај за бесправно градење три викендички во Зелениково. Предметот пред првостепениот суд го водеше судијката Марија Клетничка-Марковска, а ослободителната пресуда, која сега е укината, беше изречена на 4 јули 2019.

Тревник е еден од двата предмети на СЈО во кои е опфатен новинарот Драган Павловиќ Латас. Другиот предмет е Топлик и се однесува на даночно затајување


Напишете коментар