Се побројни се барањата за донации од страна на граѓани кои се заразиле со ковид-19, а тврдат дека во државното здравство нема слободни кревети и не биле хоспитализирани. Од друга страна, на сите ни е веќе добро познато дека за лечење на ковид-19 во приватните клиники се потребни најмалку 10 илјади евра. Средства, кои ретко кој во Македонија може да си ги дозволи.

Националното координативно тело – Хуманитарни акции во Македонија на својот фејсбук профил објави:

„Се замолуваат Приватните клиники да престанат со наплаќање на 10000 + евра за АнтиКовид 19 Терапија ( лечење ).
Едноставно ова е и воено профитерство.
Ве замолуваме престанете со овие астрономски цени. ( Од Хуманитарни акции во Македонија – ❤️ Споделете ).„

Се замолуваат Приватните клиники да престанат со наплаќање на 10000 + евра за АнтиКовид 19 Терапија ( лечење )….

Posted by Хуманитарни акции во Македонија on Friday, November 6, 2020

Сите добро се сеќаваме дека на почетокот на пандемијата кога за вирусот немаше доволно познати факти и кога стравот меѓу граѓаните беше огромен, на истиот начин се обидоа да профитираат и фармацевтските компании во Македонија кога дупло ги покачија цените на дезинфициенсите, маските и останатите производи кои беа неопходни за заштита од вирусот. Но по големиот притисок на јавноста цените беа вратени. Тогаш и владата излезе со став дека е недозволиво да се заработува во услови на пандемија и дека секое нереално покачување на цените ќе биде контролирано од надлежните служби.

Значи баш!!! Читам деновиве и не можам да поверувам што читам! Луѓе болни од Ковид бараат средства. Каде ни е крајот,…

Posted by Ljupka Joshevska Atanasova on Saturday, November 7, 2020

Дали власта ќе покаже дека ја заслужила довербата од граѓаните и ќе го реши овој проблем или ќе стане дел од ова т.н „воено профитерство“ во услови на голема криза кај граѓаните останува да видиме.