Откако Samsung го разви и почна да го продава Galaxy Fold се појавија и шпекулации дека Apple работи на првиот смартфон на преклоп.

Се појавија информации дека Apple испрати примероци како би требало да изгледа мобилниот на преклоп до кинеските добавувачи како што се Foxconn и New Nikko.

Apple проценува дали ќе користи OLED или microLED екрани за својот уред на преклоп, а оваа одлука драстично го менува процесот на производство на смартфонот на преклоп.

Од компанијата ги тестираат уредите со екран на преклоп, хардверот и перформансите.

Се очекува дека Apple ќе го претстави овој уред во септември 2022 година. Засега не е познато каков дизајн ќе има, дали ќе има сличен како оној на Galaxy Z Flip или Moto Razr.