Во Белорусија се одржува уште еден неодобрен протест на опозицијата. Полицијата веќе започна со апсење на учесниците во акцијата, што се одржува во Минск. Во исто време, локалните медиуми објавија дека полицијата употребила солзавец и пукала во воздух за да ги растера демонстрантите.

Според организаторите на неделната акција, демонстрантите требало да се соберат во групи во нивните дворови и да се приклучат на заедничката колона.

Специјална опрема, вклучително и aвиони и водени топови, пристигна на булеварот „Независност“.

Да се потсетиме, масовните протести на опозицијата започнаа во Белорусија на 9 август, по претседателските избори на кои победи сегашниот претседател Александар Лукашенко со 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановска.