Специјалното обвинителство на Косово уапси пет лица осомничени за тероризам, пренесува Коха.

Според соопштението на Обвинителството, апсењето се случило по неколкумесечна истрага и спроведување на тајни мерки за истрага и надзор.

За време на рацијата беа пронајдени експлозив, дронови и противтенковско оружје.

Исто така, постои основано сомнение дека истите лица извршиле кривични дела, подготовка на терористички дела и кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово, во врска со кривичното дело, извршување терористички акт и увоз, извоз, снабдување, транспорт, производство, размена, посредување или неовластена продажба на оружје или распрскувачки материи, како и неовластено држење, контрола или поседување оружје според член 366 став 2 од Кривичниот законик на Косово, стои во соопштението.

Експертот за тероризам, Џевад Галијашевиќ, по апсењето на петмина екстремисти на Косово обвинети за тероризам, изјави дека оваа група паднала затоа што планирале напади врз војниците на КФОР, што може да се види со запленетото оружје – експлозив, противтенковски мини и дронови.

По апсењето на пет терористи на Косово, безбедносниот експерт Бедри Елјези потсети дека еден од нив, Ардијан Џурај, веќе бил уапсен за тероризам во Турција, каде што помина 75 дена во затвор.

Џурај беше депортиран од Турција во Косово, а потоа осуден на една година и пет месеци затвор. Тој беше уапсен на 12 декември 2015 година во Гациантеп, Турција. Потоа беше испратен во бегалски камп во Каријаши, каде што беше притворен околу четири месеци бидејќи не можеа да го идентификуваат. Причината за верификацијата беше дека Ардијан немал лични документи со себе кога бил приведен од турската полиција, а исто така лажел дека е руски државјанин. Тој беше депортиран од Турција до Косово, напиша Елјези на Фејсбук.

Arrestimi i 26 vjeqarit Adrian ( Kujtim) Gjuraj ( i cili ka nderruar mbiemrin së fundi në mbiemrin e babii " Qerkinaj …

Posted by Bedri Elezi on Sunday, October 10, 2021

Според него, Џурај бил радикализиран во Германија, па затоа дошол на Косово за да ги спроведе активностите на Исламската држава и да им се придружи на другите за да војуваат во Сирија.