Наводно, за време на обдукцијата, лекарите забележале дека неговото срце е поголемо отколку што треба, па го отстраниле органот во договор со семејството за да направат дополнителни прегледи.

  • Срцето на Диего беше извадено и спасено со цел да се направат детални прегледи, бидејќи се покажа дека е двојно поголемо од обично – пишува аргентинскиот весник повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

Да потсетиме, пет патолози утврдија дека станува збор за конгестивна и хронична срцева слабост, а овој проблем доведе до акутен белодробен едем, што потоа предизвика фатален исход. Сепак, во тоа време не беше објавено дека за време на обдукцијата утврдиле дека срцето на Марадона е ненормално големо.