Потврдата за изборните резултати е обично формалност, но процесот беше предмет на обид на актуелен претседател да остане на власт

Аризона ги потврди своите изборни резултати доделувајќи 11 изборни гласови на новоизбраниот претседател Бајден. Со ова се отвори патот избраниот сенатор Марк Кели да положи заклетва оваа недела.

Државниот секретар на Аризона, Кети Хобс, ги потврди резултатите во понеделникот наутро според локалното време, велејќи дека изборниот процес е најбезбеден во поновата историја „и покрај неоснованите тврдења за спротивното“, пренесува Си-Ен-Ен.

Гувернерот на државата Даг Даси и јавниот обвинител Марк Брнович, заедно со главниот судија во Аризона, Роберт Братинел, беа сведоци на потврдата на резултатите, како што налага законот на државата.