Насер Зибери ќе биде новиот премиер на Македонија, изјави Артан Груби во интервју за Канал 5 Телевизија. Тоа е наша изборна програма и ние таа програма ќе ја реализираме, рече тој.

ДУИ направи многу поголем компромис од тоа македонските партии да прифатат Албанец да биде премиер. Ние во 2016 година го напуштивме нашиот основен и клучен принцип победникот кај Македонците да прави влада со победникот кај Албанците, рече Груби. Направивме многу компромиси и затоа нашиот рејтинг на тие избори се намали и од 19 паднавме на десет пратеници.

Имаше повеќе од сто илјади бомби, еден голем дел чисто приватни и лични разговори, кои беа за функционери на ДУИ и тие се продаваа на Бит пазар, во Косово, во Истамбул, од каде беа тие бомби, праша Груби. Но и покрај тоа ние 2015 година, иако сакавме да излеземе од владата, останавме во власта бидејќи тогаш СДСМ не беа подготвени за избори.

Останавме во власта и по настаните во Куманово и во Диво насеље иако имаше информации дека луѓе од Агенцијата за разузнавање која тогаш беше под контрола со тогашниот Претседател на државата, Ѓорѓе Иванов имале контакти со тие луѓе од Косово. 18 жртви имавме во таа акција но ние поради стабилноста на државата останавме во власта, рече Груби.

Сега инсистираме на почитување на нашиот предлог Насер Зибери да биде новиот премиер, рече тој.


Напишете коментар