Атанас Кирјаков е роден во декември 1960 година во Горна Џумаја, Пиринска Македонија. Потекнува од бегалско семејство од Егејскиот дел на Македонија. Со основно и средно техничко образование се стекнал во родниот град, денес наречен Благоевград. Кирјаков во 1991 година ја основа издавачката куќа “Кукуш 1913“, преку која го издаваше весникот “Пиринска камбана“. Атанас Кирјаков е еден од основачите на Обединетата Македонска Организација Илинден (ОМО Илинден).

Во Горна Џумаја во 1995 го основа Културно-просветното и спортско друштво “Светилник“. Активно се занимава со проучување на македонската историја преку собирање документи од Пиринскиот дел на Македонија. Врз основа на таквите документи, со Александар Донски во 2005 г. ја објавија книгата “Сведоштва од Илинденскиот период“.

ОМО „Илинден“ е една од неколкуте македонски организации во Република Бугарија, во Пиринска Македонија. На 14 април 1990 во градот Сандански, во домот на Вихрен Запрев се собираат 38 претставници на четири македонски организации со основна задача создавање на една обединета македонска организација во Бугарија. Преку обединување на постоечките македонски организации во составот на новата организација тогаш влегуваат: „Комитетот за заштита на правата на Македонците“ од Благоевград, „Македонско културно-просветното друштво „Јане Сандански““ од село Микрево, „ВМРО 89″ од Благоевград и ВМРО Илинден” од Петрич.

Сократ Маркилов и Атанас Кирјаков предлагаат новата организација да се вика ВМРО, но мнозинството го отфрла тој предлог со мотив дека името на михајловистичката ВМРО предизвикува многу негативни асоциации меѓу населението во Пиринска Македонија. Мнозинството го прифаќа името Обединета македонска организација „Илинден“ Кирјаков е мошне активен на социјалните мрежи, па така беше случај и во текот на вчерашниот ден кога се огласи со порака преку својот профил на фејсбук каде што напиша

„Роден сум како Македонец, живеам како Македонец, се борам за човековите права на Македонците како Македонец и ќе си умр ам како Македонец. Да се биде Македонец е чест, гордост и достоинство. Мојата мајка е Македонија, а моето семејство е Македонската организација“.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *