Ни во “златното време ” на Драган Павловиќ Латас се нема случено главен или одговорен уредник на една Нaционална Телевизија да и се закани на власта или на опозицијата како што тоа денес тоа го направи главниот уредник на Телма Атанас Кировски. На својот фејсбук профил Кировски напиша: Јас лично им ветувам дека ќе видат што значи да се има медиум за непријател. Ваквата реакција на Кировски доаѓа по денешната прес конференција на министерот за здравство, Венко Филипче и Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. Незадоволен од коментарите на Караџовски за известувањето на Телма Кировски го напиша својот фејсбук статус и се закани дека во иднина ќе ја имаат ТВ Телма како непријател.

По неколку часови Кировски го избриша својот фејсбук статус и напиша нов во обид да даде смирувачки тон на целата работа. Го избришав последниот пост, напиша Кировски. И ние како главни уредници сме пречуствителни, прво затоа што сме посветени 24/7 на она што го работиме, и второ затоа што сметаме дека ни е должност да ги браниме новинарите кога ќе ни ги нападнат, напиша Кировски.

Инаку петтте Национални Телевизии веќе подолго време се незадоволни од преговорите со владата во врска со можното субвенционирање на Телевизиите и за уште некои отворени финансиски прашања од минатото. Пред неколку недели газдата на Телекабел, Роберт Димитров ги обвини Националните Телевизии дека пред избори ја уценуваат владата за да добијат повеќе пари.

Еве ги двата фејсбук постови на Атанас Кировски, избришаниот и ново напишаниот:


Напишете коментар