На Звездан Јовановиќ (55), поранешен помошник командант на распуштената единица за специјални операции ЈСО , му беше продолжен престојот во најчуваниот српски затвор за уште две години.

Јовановиќ е во српскиот Алкатраз од 30 август 2010 година, а пред тоа беше седум години во затвор во Белград. Тој беше осуден на максимални 40 години затворска казна како непосреден извршител на атентатот, кога пукајќи од хаклер го уби премиерот на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, и тешко го рани неговиот телохранител, Милан Веруовиќ.

Јовановиќ на судењето се бранеше со молчење, а на крајот на постапката негираше дека го убил премиерот.

Како и неговиот другар Милорад Улемек Легија, Јовановиќ е сместен во ќелија од 10 квадратни метри. Има шкаф, туш, маса, стол, огледало, кревет и телевизор. Во затворот го посетува неговата сопруга Оливера Лела Јовановиќ (52), која живее во Бачка Паланка, како и неговите деца. Во меѓувреме, Јовановиќ стана дедо бидејќи од неговиот син Н.Ј., кој има 24 години, на 8-ми јуни добил внук.

Преку неговиот адвокат тој бара повторно судење за атентатот врз премиерот бидејќи тврди дека судењето му било наместено.

Надлежните служби од затворот Забела во Пожаревац, или како го нарекуваат српскиот Алкатраз, дадоа позитивно мислење за неговото однесување и почитување на правилата. Сепак, претседателот на Високиот суд во Белград сè уште не е психички подготвен да разбере дека никој во Европа во овој век не бил во самица 17 години. Ова е невиден правен скандал, рече адвокатот Градимир Налиќ, кој е бранител на Јовановиќ.

Неговиот командант Милорад Улемек Легија (52), поранешен командант на единицата за специјални операции (ЈСО), кој беше осуден на 40 години затвор за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, ќе остане во српскиот Алкатраз до јули 2022 година, според одлуката на Високиот суд во Белград. Тој исто така поднесе жалба на оваа одлука.


Напишете коментар