Иако во светскиот фудбал навидум има финансиска криза предизвикана од коронавирусот и фактот што на трибините нема публика уште од месец март, за некои клубови тоа не важи. 

Манчестер сити понудил фантастични 94,4 милиони евра за дефанзивецот на Хозе Марија Хименез, кои Атлетико Мадрид експресно ги одбил. Стоперот има откупна клаузула од 120 милиони евра во договорот со шпанскиот тим, па доколку некој тим не ја плати оваа сума, Уругваецот останува на „Ванда Метрополитано“, односно Атлетико нема намера да го продава.

Хименез (25) се промовираше во еден од најдобрите стопери во Европа изминативе неколку сезони. Пеп Гвардиола сака дополнително да ја засили одбраната на Сити и покрај тоа што летово веќе потроши 40 милиони фунти на Нејтан Аке од Бормут.