Публиката во земјава ќе остане ускратена за концерти до февруари 2021 година. Она што го најави сопственикот на Авалон продукција, Бобан Милошевски, сега е официјално. Авалон продукција нема да организира концерти до почетокот на новата концертна сезона, која ќе почне дури во февруари 2020 година.

Според најавите од Авалон, во февруари 2021 година во Филхармонија треба да одржи концерт Жељко Бебек. Поради пандемијата во текот на претходните месеци беше најавено дека за 2021 година се одлагаат и концертите на „Simply Red“ и „Duran Duran“.