Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер кој некогаш играл на терените на Австралија Опен, тој е рекордер по освоени титули на тој Гренд Слем турнир, но тамошните организатори сега му приредија големи непријатности.

Ѓоковиќ ја освои својата прва од 20-те најголеми освоени титули во тенисот токму во Мелбурн, победувајќи го Жо-Вилфред Цонга во познато финале во 2008 година, а оттогаш успеа уште осум пати да го крене пехарот во Род Лејвер Арената.

Тие осум Гренд Слем титули во Мелбурн го прават рекордер на Австралија Опен, но организаторите на турнирот сега решија да не го вклучат во програмата најдобриот тенисер на тој турнир, Новак кој е подобар од сите тенисери кои некогаш играле таму без сомнение, но во промотивното видео за претстојното издание на Гренд Слем турнирот, тој немаше свој момент.

Австралија Опен ќе се одигра идната 2022 година во периодот од 17ти до 30ти јануари, а на него, според најавите на локалните власти, ќе може да учествуваат само тенисерите кои се вакцинирани против Ковид-19 вирусот. Бидејќи Новак Ѓоковиќ не сака јавно да проговори дали е вакциниран или не, се чини дека тоа е доволна причина организаторите да го „избркаат“ од најавното промо видео за турнирот.

Навивачите на тенискиот ас, беа згрозени од ваквата деловна политика на турнирот. За нив е несфатливо да нема рекордер како составен дел од објавата за турнирот, но не само тоа и фактот што е изоставен минатогодишниот шампион, а тоа е Ѓоковиќ.

Промо видеото на А.О. 2022 го нема Ѓоковиќ. Смешно. Не го објавија девет-кратниот шампион. А Барти, Медведев и Циципас се на видеото.  Лудило. – напиша еден од обожавателите на Новак на социјалната мрежа Твитер.

Додека бесот на фановите на Ѓоковиќ ги преплави социјалните мрежи, официјалните страни на Австралија Опен го избришаа споменатото најавно видео од своите профили на социјалните мрежи.

Подоцна објави две нови видеа но, и во тие два нови промо видеа го нема Ѓоковиќ.

Во едно, од видеата од птичја перспектива се прикажани терените на кои се игра овој турнир.

А додека на другото видео, беа избрани некои смешни моменти од претходните изданија на турнирот, но повторно го нема Ѓоковиќ, иако на различни начини ја забавуваше публиката во оваа, речиси деценија од своето владеење на овој турнир.

Беа избрани Серена Вилијамс, Фабио Фоњини, Феликс Огер-Алиасим, Јелина Свитолина, Гарбине Мугуруза, Диего Шварцман, Арина Сабаљенка, Ема Радукану, Дона Векиќ, Стен Вавринка, Кристина Младеновиќ, Доминик Тим и други. За сите нив имаше момент во видеото освен за актуелниот владетел на Австралија Опен.