Австралиската држава Викторија со денови соборуваше рекорди кога станува збор за бројот на луѓе кои се заразени од корона вирусот. За само еден ден, регистрирани се 671 нови случаи.

Денес е прогласена состојба на катастрофа во австралиската држава Викторија, а локалните власти воведуваат полициски час во текот на ноќта како најтешка, анти-епидемиска мерка досега.

Ројтерс пренесува дека премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус, изјавил дека вонредните мерки ќе бидат во сила шест недели, до средината на септември, и дека во тој период само еден член на домаќинството ќе има одобрение да оди во пазарење еднаш дневно.

За потсетување, австралиската држава Викторија соборуваше рекорди со денови кога станува збор за бројот на луѓе кои страдаат од вирусот корона. За само еден ден, регистрирани се 671 нови случаи.

Во оваа држава, само едно лице од домаќинството ќе може да го напушти домот во текот на денот за да купат намирници, освен кога е на сила полициски час. Овие луѓе мора да останат во радиус од 5 километри околу нивниот дом.

Но тоа што е многу индикативно: Официјалните лица изјавуваат дека Викторија има 760 мистериозни инфекции, односно дека не е можно да се утврди како лицата се заразиле.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *