Австрија нареди затворање на „радикалните џамии“ по смртоносниот напад на џихадистите во Виена, во кој загинаа четири лица.

Според австриските медиуми, по неодамнешниот терористички напад во Виена, министерката за интеграција и религија, Сузан Раб и министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, објавија затворање на „радикалните џамии“ во таа земја.

Одлуката е донесена по состанокот со претседателот на Исламската верска заедница во Австрија, Имит Вурал, пренесува Дер Стандард.

Како што се дознава, станува збор за повлекување на правниот статус на одредени џамии, како и за нивно распуштање.

Исламската заедница на Австрија веќе го потврди затворањето на една џамијата во Виена денес, но тие не сакаа да откријат за што точно станува збор. Она што е познато е дека тоа не е џамијата во која бил активен терористот Кујтим Фејзулаи затоа што таа џамија не е регистрирана во Исламската заедница на Австрија.

Објаснувајќи ја својата одлука, Исламската заедница наведува дека џамијата што се затвора ја нарушува доктрината на верата, исламскиот закон и уставот. – Сега кога теророт стигна до нашиот праг, на австриските муслимани им е поважно од кога било досега да ја осудат злоупотребата на религијата за ширење насилство и терор и да изразат длабоко сочувство – рече претседателот на заедницата.