Автомобилот удри во портата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин пред состанокот за новите мерки на корона во таа земја.

На автомобилот се испишани пораките „Стоп за глобализацијата“ и „Проклети убијци на деца и стари лица“.

Вооружени припадници на полицијата и полициски кучиња се пред седиштето на германската канцеларка.
Полицијата соопшти дека возачот на автомобилот бил приведен.

Денес, Меркел треба да биде домаќин на видео конференција на тема продолжување и заострување на епидемиолошките мерки и понатамошните чекори за борба против пандемијата на коронарниот вирус.