Азем Власи, поранешниот косовски комунистички функционер и противник на режимот на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ на Косово, изјави дека потпишувањето на договорот во Вашингтон е „генерална проба“ за конечно признавање на Косово од страна на Србија.

Американскиот претседател Доналд Трамп не седна со нив да потпише договор за авио линијата Белград-Приштина или за железницата, рече Власи, гостувајќи онлајн на конференцијата Круг 99 во Сараево.

Тоа е како генерална проба за тоа како ќе изгледа потпишувањето на конечниот договор, што ќе резултира со признавање на Косово од страна на Србија, рече Власи.

Лидерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Авдулах Хоти во петокот потпишаа договор во Вашингтон во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп за нормализирање на економските односи, 12 години откако Косово гласаше за независност од Србија.

Не беше ни предвидено Вучиќ во оваа прилика свечено да го признае Косово, оцени Власи.

Американците тоа не го бараа и на тоа не инсистираа на оваа пригода, но тоа е на ставено на маса да се знае, како што беше на почетокот на обновувањето на дијалогот пред крајот на 2019 година, кога претседателот Трамп испрати писмо и до Вучиќ и до Тачи со порака„ Се надевам ќе ги продолжите преговорите, и ќе постигнете конечен договор “, што подразбира меѓусебно признавање, додаде Власи.

Тој оцени дека по потпишувањето на овој документ, односите меѓу двете земји постепено ќе се нормализираат.

Мислам дека на подобрувањето и нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија треба да се гледа со оптимизам, додаде Власи.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *