Социјалните мрежи се разгореа викендов со твитови и објави на тема легендарната Баба Ванѓа која е родена во Струмица.

Балканскиот Нострадамус, како што ја нарекуваа баба Ванѓа, предвиде појава на мистериозна болест, мислејќи на вирусот корона во 2020 година.

Потоа, зборувајќи за ужасната чума, таа истакна дека и „моќниот“ претседател ќе се разболи.

Претседателот, 45-ти по ред, ќе се разболи и ќе остане глув, а ќе се открие дека има и тумор на мозокот, рече баба Ванѓа, а педантните корисници на Твитер открија дека Доналд Трамп е 45-от претседател на САД

Доналд Трамп е главна тема во светот овој викенд, бидејќи веќе три дена е во болница и во изолација.

Неговата состојба, гледана од аголот на веста што се објавува, е контрадикторна и не е најдобра.

Што се однесува до баба Ванѓа, таа исто така предвиде застрашувачко цунами за оваа година, што за среќа (сè уште) не се случи, а исто така рече дека наводно ќе има атентат врз рускиот претседател Владимир Путин.

Иако веќе долго време не е жива, баба Ванѓа го предвиде 11 септември во САД, цунамито во Јапонија, како и Брегзит.

Остави длабока трага во пророштвата, а не се грижеше за коментарите што се сомневаа во нејзината дарба и видовитост.

Предвидуваше и многу светски катастрофи.

Од бомбардирањето на Белград на 6 април 1941 година, до земјотресот во Скопје, смртта на Сталин, киднапирањето на италијанскиот премиер Алдо Моро, до точниот датум на смртта на нејзиниот сопруг.

Повеќе од еден милион луѓе побараа помош од оваа слепа и видовита жена.

Неодамна, Русите ги објавија последните снимки од болничкиот кревет на Баба Ванѓа, неколку дена пред нејзината смрт на 11 август 1996 година.