Прва голема бизнис зделка во периодот на пандемијата со корона вирусот. Фондот на еден од најбогатите луѓе во светот, Ворен Бафет, Беркшир Хатавеј влезе во нова инвестиција. Понуди четири милијарди долари за купување на компанијата за пренос и складирање на природен гас Доминион Енерџи.

Вклучувајќи наплата на долгови, вкупната сума на трансакцијата е скоро 10 милијарди долари. Тоа е прва голема зделка на Беркшир од избувнувањето на пандемијата на коронавирус.

На годишниот генерален состанок. Бафет откри дека фондот собрал рекордна залиха во готовина од 137 милијарди американски долари бидејќи финансискиот пазар падна, но не виде ништо привлечно за инвестирање.

За Доминион, овој чекор е еден во серија кон транзиција кон комунална компанија фокусирана на производство на чиста енергија од ветер, соларен и природен гас.

За Беркшир, овој потег значи значително зголемување на нивниот удел во бизнисот со природен гас. Така, овој фонд сега ќе контролира 18 проценти од сите меѓудржавни трансфери на природен гас во САД, во споредба со сегашните 8 отсто.

Според условите на трансакцијата, Беркшир Хатавеј Енерџи ќе биде сто отсто сопственик во Доминион Енерџи Трансмишн, како и нафтоводите Квестар и Каролина и 50 отсто од гасоводот Ирокоис.


Напишете коментар