Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден одлучи да го номинира долгогодишниот поранешен дипломат од кариерата Вилијам J. Бернс како следен директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), објави неговиот тим за транзиција во понеделникот.

Вилијам Бернс, кој беше американски дипломат 33 години, беше американски амбасадор во Русија од 2005 до 2008 година и беше заменик државен секретар за политички работи во периодот од 2008 до 2011 година.

Тој во моментов е претседател на Карнегиската фондација за меѓународен мир.