Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги поздрави напорите за зајакнување на меѓународното тело преку реформи, додавајќи дека се радува на тесната соработка со администрацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

„Ги поздравуваме сите напори за зајакнување на оваа организација, не за нас, туку за доброто на луѓето на кои им служиме“, рече шефот на СЗО.

Тедрос ја повика меѓународната заедница повторно да го открие значењето на заедничката цел и им честита на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и неговата заменичка Камала Харис.

„Со нетрпение очекуваме тесн да соработуваме со оваа администрација“, рече Тедрос.