Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден има намера да ги подели сите можни дози на вакцина против коронавирус, спротивно на стратегијата на администрацијата на Трамп за складирање на резерви за вториот круг на вакцинијата, објавија американските медиуми.

Избраниот претседател верува дека треба да ја забрзаме дистрибуцијата на вакцината, така што Американците на кои им е потребна, можат да ја набават што е можно поскоро, изјави Т. J. Дакло, портпаролот на Бајден

Претседателот ја поддржува дистрибуцијата на достапните дози веднаш и верува дека владата треба да престане да го запира снабдувањето со вакцини за да можат што повеќе Американци да ја примат вакцината веднаш.

Бајден ќе открие повеќе детали следната недела за тоа како неговата администрација ќе ги подели достапните дози од вакцините, рече Дакло.

Администрацијата на Трамп не ја исполни целта да вакцинира 20 милиони Американци до крајот на 2020 година, со првата од вкупно двете дози.

Во писмото кое во петокот сојузните гувернери го испратија до министерот за здравство Алекс Азар, тие ја повикаа сојузната влада да ги искористи „резервираните дози“ од вакцината против ковид-19 и да ги испрати во државите на кои им се потребни.

Вакцината против ковид-19 се дава во две дози, со временски рок од две недели.