Избраниот претседател на САД, Џо Бајден, најверојатно ќе се вакцинира против коронавирусот во текот на следната недела, соопштија од тимот на Бајден.

„Не сакам да имам предност пред некого, но сакам да им демонстрираме на Американците дека е безбедно да се вакцинираат. Кога ќе се вакцинирам, тоа ќе го направам јавно, за сите да го видите“, изјави вчера Бајден во Вилмингтон.

Како што пренесе Reuters, актуелниот потпретседател Мајк Пенс ќе се вакцинира пред Бајден. Белата куќа соопшти дека тој ќе ја прими првата доза на вакцината на јавно место во петок.

Неколку дена претходно, поранешните американски претседатели Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ Буш исто така рекоа дека ќе се вакцинираат.