Во пресрет на заминувањето за Вашингтон, каде утре ќе биде инаугуриран како 46. претседател на САД, Џо Бајден одржа емотивен проштален говор во неговиот град Вилмингтон, Делавер, за време на кој не можеше да ги задржи солзите.

“Во нашето семејство, вредностите што ги споделуваме, карактерот кон кој се стремиме, начинот на кој гледаме на светот – сè доаѓа од дома. Сè доаѓа од Делавер”, им порача Бајден на своите сограѓани во државата што за прв пат го избра за сенатор кога имал 29 години. .

„Извинете за емоциите, но кога ќе умрам на моето срце сеуште ќе пишува Делавер“, рече тој, бришејќи ги солзите.

“Знам дека се темни времиња, но секогаш има светлина. Тоа е она што ја прави оваа земја толку посебна. Ме научи, ме научи најмногу – секогаш има светлина”, им рече Бајден на своите сограѓани пред да се упати кон палатата во Вашингтон.