Актуелниот потпретседател Мајк Пенс ќе биде вакциниран пред Бајден, откако Белата куќа објави дека ќе ја прими првата доза на вакцината на јавно место

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден следната недела најверојатно ќе прими вакцина против коронавирус, соопшти денеска преодниот тим на Бајден.

Актуелниот потпретседател Мајк Пенс ќе биде вакциниран пред Бајден, откако Белата куќа објави дека во петок ќе ја прими првата доза на вакцината на јавно место, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.