Горан Пандев поради повреда го пропушти последниот дуел на Џенова, со неговиот поранешен клуб Лацио, но македонскиот ас сепак се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност. Причина – комплиментите што на негова адреса ги испрати новиот тренер на Џенова, Давиде Балардини, кој најави дека нема да дозволи македонскиот капитен да ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона.

Пандев веќе најави дека со настапот на ЕВРО 2021 и дефинитивно ќе му каже збогум на фудбалот, но Балардини не крие дека ќе се обиде да го премисли најдобриот македонски фудбалер.

„Не знам дали е ова вистина, но доколку е – јас нема да дозволам Пандев да се пензионира. Ќе го тужам, бидејќи тој е пример на врвен фудбалер. Горан Пандев е дефиниција за фудбалската игра, со ентузијазмот што го има секој ден, со енергијата што ја пренесува на теренот и надвор од него. Се уште не е дојдено времето тој да ја заврши кариерата, ќе се обидам да го натерам да го увиди тоа“, изјави Балардини.

извор : екипа.мк